Црвениот тепих на Met Gala уште еднаш докажа зошто важи за најважната модна ноќ на светот – и оваа година немаше „безбедна игра“.
Под темата „Модата е уметност“, гламурот се претвори во чиста перформанс уметност, а скалите на Metropolitan Museum of Art станаа писта каде се бришат границите помеѓу модата, скулптурата и фантазијата.
Овој пат, дури и самиот црвен тепих доби неочекуван пресврт – претворен во сценографија од трева и тули, со живи Broadway настапи кои дополнително ја подигнаа атмосферата. Сè делуваше како вовед во спектакл и токму тоа и го добивме.
Ако имаше доминантна идеја на вечерта, тоа беше телото како уметничко дело. Кендал Џенер се појави во драматично плисирана креација инспирирана од античките скулптури, додека Кајли Џенер играше на картата на сензуалноста со нуде корсетска фустан која потсетува на современа верзија на Венера. Ешли Греам дополнително ја нагласи силуетата со body-conscious дизајн, додека Ријана, очекувано, отиде чекор понатаму – изгледајќи како недовршена скулптура на висока мода.
Во истата естетска приказна, Хејли Бибер донесе модерна, речиси футуристичка верзија на златен корсет – студено, прецизно и неверојатно ефектно. Но, тука играта не заврши.
Друга група поканети одлучија дека модата ќе ја третираат како сликарско платно. Алекса Чанг носеше драматична креација со релјефни мотиви кои потсетуваат на импресионистички слики, додека Ема Чемберлејн изгледаше како да излегла од уметнички ателје – со текстури кои имитираат потези на четка и разлеани бои.
Секако, имаше и оние кои играа на картата на вечна елеганција – без премногу „објаснување“. Никол Кидман заблеска во гламурозна, светкава црвена фустан со пердуви, потсетувајќи зошто класичниот red carpet глам никогаш не излегува од мода.
А каде е Бијонсе? Секако – во својот универзум, помеѓу модата и митот, со појава која не бара внимание, туку автоматски го добива.
Met Gala 2026 не беше само парада на убави фустани. Тоа беше вечер кога модата навистина стана уметност – некогаш спектакуларна, некогаш провокативна, а понекогаш изненадувачки едноставна. И токму затоа за неа не прекинуваат да зборуваат.