Home Живот и здравје Дали доењето влијае на интелигенцијата на децата

Дали доењето влијае на интелигенцијата на децата

Според истражувањето кое траеше дури триесет години, се покажа дека доењето значително влијае на интелигенцијата на детето.

Во студијата учествуваа семејства од различни социјални слоеви, а резултатите покажаа дека децата кои ги доеле мајките подолго време имале повисок IQ од нивните врсници.

Истражувањето спроведено во Бразил траеше дури триесет години и во него учествуваа околу 6.000 лица. Повеќе од 3.500 деца од почетокот на студијата, денес имаат триесетина години и се согласија да бидат подложени на тестови за интелигенција.

Се покажа дека постои разлика и дека наизглед подолго доените деца се поинтелигентни, се школувале повеќе и до триесет години се подобро материјално обезбедени од другите.

Со оглед на тоа што наведуваат дека најдобри резултати постигнале децата кои биле доени до година дена, истражувачите извлекоа заклучок дека хранливите материи од мајчиното млеко се неопходни за правилен развој на мозокот и нервниот систем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Ѕиден пилатес: Пет причини зошто треба да го пробате

Wall пилатес е моментално еден од најпопуларните фитнес трендови на социјалните мрежи и ап…