Home Мода и убавина Поло маица од Зара што го освои интернетот – највеселите бои што одат со сè

Поло маица од Зара што го освои интернетот – највеселите бои што одат со сè

Поло маиците тивко, но сигурно се вратија на модната сцена и денес се еден од омилените парчиња на најкул девојките од Инстаграм и ТикТок.

Класичниот крој со јака доби сосема нов, освежен изглед – разиграни линии, живописни бои и модерни детали ја претворија оваа некаде строго стилизирана маица во вистински моден израз кој зрачи со невоздржана елеганција.

Во најновите колекции – од луксузни модни куќи до познатите брендови на брза мода – поло маиците се достапни во најразлични текстури, бои и стилови. Но, еден модел посебно се истакна и стана вирален. Станува збор за плетена поло маица со јака и долги ракави која веќе масовно ја носат модните ИТ-девојки, стајлирајќи ја на безброј начини.

Комбинацијата на розева и црвена боја, дополнета со суптилни жолти линии и V-изрез на деколтето, ја прави оваа маица совршен моден додаток дури и за најсивите денови. Визуелно впечатлива, но лесна за комбинирање, носи доза на оптимизам и разиграност во секојдневните комбинации.

Во понудата на Зара се најде токму овој модел за кој сите зборуваат – поло маица што се прилагодува на секој стил и секоја пригода. Совршено оди со омилените фармерки, но и со хеланки, додека со сукњи – мини, миди или макси – изгледа подеднакво шик. За тренди, малку препи изглед, доволно е да се додадат мокасини, црвени чорапи и плисирана сукња.

За поопуштени комбинации, ова парче одлично функционира со патики и фармерки, а во комбинација со елегантни панталони или дури и костум, добива софистициран урбан шмек.

Едно е сигурно – оваа вирална поло маица од Зара не е само уште еден тренд, туку парче што ќе се носи повторно и повторно, без многу размислување и без модни грешки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Најубавите чанти со горна рачка за оваа пролет кои ќе ги чувате со години

Елегантни чанти што ќе го збогатат вашиот пролетен изглед… Чантата никогаш нема рок …