Вкусно и здраво: Авокадо хумус
Овој намаз едноставно ќе го обожавате…
Здрав и неодоливо вкусен, овој намаз е совршен додаток за сендвичи или како сос со тортиља чипс. Се подготвува лесно, а се јаде уште полесно!
Состојки:
– 2 шолји конзервирана наут
– 2 зрели авокада, излупени и без семка
– 1/3 шолја тахини
– ¼ шолја сок од лимета
– 2 чешниња лук
– 3 лажици маслиново масло
– ¼ мала лажичка кимион
– малку сол
– 1 лажица сечкан магдонос за декорација
– меленa слатка пиперка
Подготовка:
Сите состојки (освен магдоносот и мелената пиперка) ставете ги во блендер или сечко, посолете по вкус и измешајте додека не добиете компактна кремаста смеса.
Префрлете ја смесата во сад за сервирање, украсете со магдонос и посипете мелена пиперка по желба.
На здравје!