Home Мода и убавина Направи сам: како да подготвиш масло од лаванда за студените зимски денови

Направи сам: како да подготвиш масло од лаванда за студените зимски денови

Направете масло од лаванда за студените зимски денови

Ако сте воодушевени од мирисот на лаванда и користите многу козметички производи со овој составен дел, имаме одличен предлог за вас.

Направете масло за тело што е одлично за сува кожа и многу лесно се подготвува. Исто така, може да се користи за ублажување на грчеви, како и за нега и регенерација на кожата.

Состојки:

– Основно масло (маслиново или сончогледово)
– Цветови од лаванда

Начин на подготовка:

Во чиста тегла или друго стаклено шише ставете цветови од лаванда, наполнете 2/3 од садот, а потоа прелијте со масло сè до врвот. Ставете го садот на сончево место и оставете го да стои еден месец, но не заборавајте секојдневно да ја мешате смесата.

По еден месец, процедете го маслото преку густа цедалка или газа. Чистото масло од лаванда сега е подготвено за употреба.

Дополнителни совети:

По два до три дена од процедувањето, повторете го процесот уште еднаш за да избегнете создавање талог. Маслото од лаванда чувајте го на темно и ладно место и користете го најдоцна во рок од една година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…