Седиш по цел ден? Еве што навистина ти треба на чинијата
Ако поминуваш осум часа дневно на стол, да знаеш – грбот и задникот ти свират свој личен концерт на болка, а мозокот тропа на тапани постојано.
Долгото седење не само што ја зголемува гладта, туку влијае и врз шеќерот и крвниот притисок. Но, добра вест: вистинската храна може да биде твојот спас!
Ананас
Не е само сладок и тропски – ананасот крие бромелаин, ензим што го забрзува метаболизмот и ги намалува воспаленијата. Дополнително, го покрива дневниот внес на витамин Ц и го зајакнува имунитетот.
Како да го јадеш: измешај со јогурт, додади во смути со банана или манго, или сервирај го покрај кари со пилешко.
Маслиново масло
Златната течност што смирува воспаленија и го штити срцето.
Како да го користиш: како прелив за салата, во печени риби или во пржен зеленчук.
Куркума
Портокалов суперзачин! Ги намалува воспаленијата, го штити мозокот и може да го замени час вежбање. Да, сериозно.
Како да ја јадеш: додади во ориз, зеленчук, палачинки, па дури и во колачи.
Јагодесто овошје
Боровинки, малини, рибизли – ситни витамински бомби што ги намалуваат воспаленијата и го активираат метаболизмот. Бонус: го зајакнуваат имунитетот и варењето.
Авокадо
Кремаст, но најдобар пријател на телото. Нездравените масти ги потпомагаат мускулите и заштитуваат од проширување на половината.
Како да го јадеш: само со малку сол и бибер, во салата, или дури и со темно чоколадо – да, може!
Масна риба
Лосос, јагула – омега-3 масти кои телото ги обожава. Го штитат срцето, ги намалуваат воспаленијата и го помагаат метаболизмот.
Како да ја јадеш: на скара, со доматен сос или во лесен кари.
Орешести плодови
Ореви, бадеми – мали, крцкави херои. Омега-3 и витамин Е во акција! Околу 60 грама на ден и срцето и нивото на шеќер во крвта ти велат „фала“.
Како да ги јадеш: во утрински мусли, како солени грицки или по ручек – со кафе, секако.
Лук
Не е само за вампири! Го регулира шеќерот и мастите во крвта, помага во варење и ги намалува воспаленијата во телото.
Како да го јадеш: едно чешне дневно и телото ќе ти биде благодарно. Без грижа за здивот – млеко или мастика прават чуда.
Значи, следниот пат кога ќе поминеш цел ден на столица, сети се: не е сè во движењето. Добро мени прави чуда!