Home Живот и здравје Чувствуваш замор во бракот? Експертите објаснуваат зошто

Чувствуваш замор во бракот? Експертите објаснуваат зошто

Се вративте од одмор, ама наместо освежени — исцрпени?

Многу брачни парови ги поминаа летните денови на одмор, но реалноста понекогаш е далеку од онаа слика што се споделува на Инстаграм. Иако идеалот изгледа како двојка што шета држејќи се за раце на плажа додека ужива во зајдисонце, вистинската состојба често е многу поинаква – на крај од одморот, некои партнери едвај чекаат да се вратат во град бидејќи заедничкото време на одмор им било досадно.

Особено ако имаат чувство дека се заедно “цело едно столетие”. Зошто тогаш жената во брак чувствува замор и копнее по нешто ново и возбудливо? Еве една главна причина, заедно со уште две можни кои се чести кај партнерските односи.

Добрата вест е дека ако ги препознаете овие знаци и се соочите со нив заедно, животот со партнерот може повторно да стане исполнет и интересен.

Не сте задоволни со некој друг аспект од животот

Ако чувствувате незадоволство во некој друг дел од вашиот живот – кариера, личен развој, пријателства – постои веројатност тоа да го префрлате на партнерот. Кога ќе осознаете дека го обвинувате брачниот другар за нешта што не се толку значајни, ќе можете појасно да го видите вистинскиот проблем. Откако ќе се ослободите од внатрешниот напор и стрес, ќе забележите подобрување во односот.

Вие се променивте – а тој не, или пак тргна сосем по друг пат

За време на одморите, кога сте долго заедно, често се отвора прашањето – колку сте сè уште исти луѓе како кога сте почнале? Ако сфатите дека интересите и вредностите веќе не ви се преклопуваат, тоа може да создаде дистанца. Рут Шимел, консултант за животен менаџмент, објаснува дека иако секој брак е уникатен, жената често се развива, а партнерот останува во истата рамка или оди во сосем друг правец. Првичната привлечност избледува, а заедничките вредности се губат или не се изразуваат со ист интензитет.

Бракат е без нови искуства и нема спонтаност

Една од честите причини за досада е едноставно – монотонијата. Додека стабилноста и сигурноста се важни, исто толку се вредни и новите доживувања, од спонтано вечерно излегување до заедничко патување.

Клинички психолог истакнува: долгорочните односи бараат вложување енергија и време. Иако почетокот е исполнет со страст, лесно е да се западне во шаблон – работни обврски, грижа за деца, водење домаќинство, финансиски стресови. Но, за да се зачува живоста, ни е потребна страст, а таа се поттикнува со нови активности што инспирираат, како и со дијалог што ве одржува поврзани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…