Стопала по летото: 3 маски што ќе им ја вратат мекоста и длабоката хидратација
По безгрижното лето полно со сонце, морска сол и прошетки по врел песок, стопалата често остануваат со „сувенири“ кои и не се баш посакувани – испукани пети, сува кожа и грубост.
Сето тоа може да делува непривлечно, но добрата вест е дека со вистински третман нежноста и сјајот брзо се враќаат. Сега е идеален момент да им овозможите спа-момент дома и да им ја дадете грижата што ја заслужуваат. По секоја маска, нанесете богат хидратантен балсам и облечете памучни чорапи – така ќе ја „заклучите“ влагата во текот на ноќта и ќе се разбудите со стапала меки како свила.
Летото е создадено за уживање, но вашето тело, а особено вашите стапала, заслужуваат малку дополнителна грижа кога ќе се вратите од одмор. Со редовна нега, тие ќе ви возвратат со мекост, здрав изглед и целосно обновена кожа.
Маска од мед и млеко
Измешајте топло млеко со две лажици мед и потопете ги стапалата во мешавината околу 20 минути. Медот ја омекнува и хидрира кожата, додека млекото помага во нежно отстранување на мртвите клетки.
Маска со банана и авокадо
Згмечете една зрела банана и половина авокадо во хомогена смеса и нанесете ја на измиени стапала. Завиткајте ги во фолија или облечете пластични вреќички и оставете ја маската да делува 20–30 минути. Потоа исплакнете со млака вода. Смесата е богата со витамини и природни масла кои ја обновуваат сувата кожа.
Маска со кокосово масло и шеќер
Направете едноставен пилинг од две лажици кокосово масло и една лажица шеќер. Со нежни кружни движења втријте ја мешавината во стапалата 5–10 минути, потоа исплакнете и нанесете хидратантен балсам. Овој третман не само што ги омекнува стапалата туку и го поттикнува микроциркулацијата.
Со овие три едноставни, но ефективни маски, вашите стапала ќе добијат длабинска нега и повторно ќе бидат меки и убави, подготвени за нова сезона.