Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разделија по девет години брак, а нивниот развод со месеци го привлекуваше вниманието на јавноста.
Иако ставија крај на заедничкиот живот уште во јули 2025 година, и натаму постои интерес за деталите од разделбата, особено за грижата за децата и финансиските обврски.

Според пишувањата на германските медиуми, сега е познато колку поранешниот германски фудбалер ќе плаќа месечно за издржување на тројцата синови.
Синовите продолжуваат да живеат со Ана Ивановиќ
Ана и Бастијан во бракот ги добија синовите Лука, Леон и Тео. По разводот, момчињата останаа со мајката во семејниот дом во Шпанија, каде што се водеше и судската постапка.

Со привремената судска одлука, Швајнштајгер треба да издвојува по 15.000 евра месечно за секое дете. Тоа се вкупно 45.000 евра месечно, односно 540.000 евра годишно.
При утврдувањето на алиментацијата биле земени предвид приходите на поранешниот капитен на германската репрезентација, како и животниот стандард на кој се навикнати нивните синови.
Швајнштајгер заработил милиони во текот на кариерата
Поранешниот фудбалер стекнал значително богатство во професионалната кариера. Според неофицијални процени, заработил околу 70 милиони евра, а и денес има приходи од телевизиски ангажмани и соработка со бројни спонзори.
Ниту Ана Ивановиќ финансиски зависи од поранешниот сопруг. Прославената тенисерка изгради успешна кариера, а по разводот ја задржа и недвижноста на Мајорка, купена пред бракот со Бастијан.
И покрај крајот на нивната љубовна приказна, Ана и Бастијан остануваат поврзани како родители, а добросостојбата на тројцата синови сега им е на прво место.
Извор: Story.rs