Home Мода и убавина Панталони со балон-крој – тренд што стилски ве води во есенските денови

Панталони со балон-крој – тренд што стилски ве води во есенските денови

Август сè уште дише со своите последни жешки бранови, небото е обоено со златести зраци, а модата веќе шепоти дека доаѓа ново поглавје.

Есента не пристигнува одеднаш – прво ја чувствуваме во воздухот, потоа во нијансите околу нас, а на крајот и во ткаенините и кроевите што ги бираме. Токму во тој преоден моден момент на сцена стапуваат balloon панталоните – широки, но софистицирани, совршени за периодот помеѓу летните фустани и топлите есенски палта.

Можете да ги сретнете под различни имиња – balloon, genie, parachute – но ефектот секогаш е ист: аеродинамична, опуштена и ослободувачка силуета. Тоа е целосна спротивност на сите тесни и стегнати кроеви. Ако skinny фармерките симболизираа дисциплина и контрола, balloon панталоните слават слобода на движење и лежерен став. И не е изненадување што веќе ги освоија и TikTok фидовите и пистите на големите модни куќи.

Алаја ги постави темелите на нивното враќање, прикажувајќи ги во нежни тонови на беби-сина, пудра розова, снежно бела и класично црна. Комбинирани со топови што го истакнуваат струкот, настанува силуета која е и моќна и лесна. Хлое, пак, внесе доза романтика – проѕирни материјали, цветни шари, тантела – и ѝ даде на тенденцијата разиграна, женствена нота.

Овој крој може да се доживее и како игрива еволуција на barrel фармерките, кои минатата сезона беа апсолутен хит. Нивната “надуена” форма носи неочекуван карактер на секоја комбинација, а притоа се неверојатно удобни и лесни за носење. Тајната на добар стајлинг? Баланс. Горниот дел нека биде пократок или тесен – tube топ, crop маичка или тенка плетена блуза – за волуменот на панталоните да дојде до израз без да ја преплави целата силуета.

Летна варијанта? Tube топ + balloon панталони + платформи или clog сандали = инстант street style изглед. А кога ќе падне температурата, само додадете oversized плетиво врз бела маичка и добивате cozy, но сè уште stylish аутфит.

Кога станува збор за бои, пастелните нијанси сè уште владеат – панталони во butter yellow заедно со розова кошула изгледаат неженo, свежo и целосно Instagram-friendly. За оние кои сакаат земјени тонови, тука се беж, маслинесто зелена и топла теракота.

На крајот, balloon панталоните не се само тренд – тие се став. Ви дозволуваат слободно да се движите, да дишете со полни гради и да уживате во удобноста без да изгубите ни трошка стил. Совршени за оваа преодна сезона, тие ќе бидат вашиот моден сојузник додека полека зачекорувате во есента.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…