8 ЗАБАВНИ ПРАШАЊА ШТО ГО РАЗБИВААТ МОЛКОТ И ОТКРИВААТ КОЈ ВОИСТИНА СЕДИ ОДСПРОТИВА
За оние моменти кога тишината станува незгодна, кога ситните муабети на работа ве гушат или едноставно сакате да се насмеете, да чуете нешто искрено и да воспоставите подобра врска со некој – овие прашања се вистинскиот ас во ракавот!
Ако од тие сте што не можат да зборуваат за временска прогноза без да се зевне, ако сте на журка и сакате муабетот да тргне накај нешто интересно, ако сакате да откриете нешто повеќе за пријател, симпатија или дури и колега – овие прашања се одличен почеток.
Нема потреба секогаш да се навлегува во приказни од детството или во тешки теми за трауми и „длабоки анализи“ за да се запознае некој. Понекогаш е доволно едноставно прашање од типот – кој ти беше омилен сладолед како дете? И готово – за миг се вртите низ детството, старите навики, вината за калории или пак навира слатка носталгија за време кога обичен чоколаден сладолед ве правел среќни.
Едноставните прашања кријат најинтересните приказни. Еве ги 8-те кои секогаш ќе ви дојдат како спас:
1. Што би направил/а ако утре освоиш на лото?
Не е само за парите – тука веднаш се гледа дали личноста размислува за инвестиции, дарежливост, патувања, естетски корекции… Сите оние мали желби и комплекси испливаат за миг.
2. Кога последен пат почувствува чиста, детска среќа?
Сите сме во трка по среќата, но ретко ја препознаваме кога ни се случува. Ова прашање го враќа човекот во моментот и тера на тивко потсетување.
3. Кој го зема последното парче пица кога сте со друштво?
Оној што го зема без проблем – знае што сака. Оној што го нуди – можеби глуми великодушност. А оној што не го ни допира – или е премногу фин, или не сака конфликти. Во секој случај – вистинска психологија на тацна!
4. Која ти е омилена збор?
Дали на македонски, дали на друг јазик – некои зборови едноставно нè освојуваат. А тоа кажува многу за личноста, или во најмала рака ќе ја насмее екипата!
5. Дали ги враќаш количките во супермаркет?
Класик тест – оној што ја враќа количката дури и кога никој не гледа, има вграден морален компас. Оној што ја остава среде паркинг – сака хаос, или едноставно мрзи.
6. Што јаде вчера навечер?
Не звучи длабоко, ама изборот на храна многу кажува – дали си тип што јаде домаќински грав, фаќа гиро после журка или конечно сварил/а прва супа сам/а? Има тука симболика, верувај!
7. Што последно направи првпат во животот?
Ако не може да се сети – можеби е време да ја размрда рутината. Ако се сети – веднаш знаете дали личноста е љубопитна и отворена за нови предизвици.
8. Кој е најубавиот комплимент што некогаш си го добил/а?
Дали било за изглед, харизма, памет, хумор – преку ова прашање веднаш излегува на виделина што личноста најмногу цени кај себе.
Значи, следен пат кога ќе немате што да зборувате, заборавете на здодевните муабети – пробајте некое од овие „наивни“, а всушност многу откривачки прашања.