Home Живот и здравје Зошто мачката ги затвора очите кога ја милувате?

Зошто мачката ги затвора очите кога ја милувате?

Зошто мачката затвора очи кога ја галите

Повеќето мачки навистина уживаат кога нивните сопственици ги галат и им посветуваат внимание.

Некои од нив дури вложуваат дополнителен напор за да ви покажат дека навистина им годи галењето. Во тие моменти ќе започнат да предат, ќе се наместат во вашето скутче, ќе „месат тесто“ со шепите, и – ќе ги затворат очите.

Ова затворање на очите е еден од најинтересните сигнали кои мачката ви ги испраќа. Зошто мачката реагира вака кога ја галите? Иако по природа умеат да бидат резервирани и пребирливи, мачките знаат да уживаат во добар третман и внимание. Ако сте забележале дека вашата мачка ги затвора очите додека ја галите, не значи дека сака да заспие. Напротив, таа сака да ви даде до знаење дека го цени тоа што го правите и дека во целост ужива.

Мачката исто така ќе ги затвори очите за да ви покаже дека ви верува. Тоа значи дека е свесна оти не претставувате закана и дека сте личност пред која може да ја намали својата одбранбена состојба. Кога мачката има доверба во човекот што ја милува, затворањето на очите е знак на крајна опуштеност и љубов. Освен што е благодарна за вниманието и ужива во него, таа затвора очи бидејќи се чувствува максимално удобно и сигурно.

Зошто мачките ги виткаат грбот кога ги галите

Како што затвораат очи во знак на задоволство, мачките исто така го виткаат грбот кога ги галите од истата причина – им пријатува вашиот допир.

Кога мачката ужива, нејзиното дишење обично е бавно и рамномерно, ушите и мустаќите ѝ се во неутрална положба, а опашката ѝ е спуштена и мирна. Додека ја галите по грбот, а таа го витка во форма на лак, ја користи приликата и да се истегне и да ослободи напнатост од мускулите. Во тој момент, нејзиниот мозок лачи големи количини на ендорфин – хормонот на среќата – што го прави галењето уште попријатно доживување за неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Ако во TikTok пребараш „cozymaxxing“, ќе те пречекаат видеа од луѓе замотани во меко ќебе,…