
Половина век мода и стил – бескрајна инспирација
Вака накратко може да се опише величествената модна прослава на брендот Зара, којa годинава го одбележува својот златен јубилеј — 50 години од отворањето на првата продавница во Ла Коруња, Галиција, Шпанија.
По повод оваа престижна годишнина, Зара собра 50 од најзначајните топ модели на светот и ѝ го довери реализацијата на кампањата на легендарниот фотограф Стивен Мајзел. На овој начин, модниот свет доби вистинска почит кон креативноста, женската сила и модниот израз низ децениите.
I FEEL LOVE: Модна химна во црно-бело
Кампањата ја носи симболиката на песната „I Feel Love“ од Дона Самер од 1977 година — химна на слободата, сензуалноста и гламурот, која секој од моделите ја „пее“ на свој уникатен начин преку фасцинантна визуелна приказна во црно-бело. Од Твигот до Наоми Кембел, од Линда Евангелиста до Синди Крафорд, овој импресивен состав модели изразува колективна страст кон модата и уметноста.
Кампањата е осмислена од Марта Ортега Перез, претседателка на Индитекс, инспирирана од долгогодишното пријателство и восхит кон работата на Мајзел. Филмот, кој премиерно беше прикажан на 9 мај 2025 година, точно на 50. роденден на Зара, сведочи за наследството што брендот го изградил преку стилот, иновацијата и глобалното влијание.
Колекцијата: Монохроматска елеганција за модната иднина
Новата, лимитирана колекција донесена од страна на иконските модели носи минималистички луксуз: црно-бели смокинзи, кроеви инспирирани од машката елеганција, безвременска форма со модерен израз. Со оваа колекција, Зара докажува дека таканаречената „брза мода“ може да има нота на луксуз, носејќи порака на трајна софистицираност.
Од блејзери до драматични панталони со висок струк, од елегантни фустани со длабоки деколтеа до совршени бели кошули со препознатливо големи манжетни — оваа колекција нуди сè што ѝ е потребно на една современа модна икона за да заблеска.
Ние ги издвојуваме 15-те најпосакувани парчиња од колекцијата, кои уште сега ги замислуваме во урбани комбинации — совршени за модни ентузијасти кои ја разбираат суптилната луксузност на Зара.