
Модните инсајдери ни покажуваат како да носиме пролетни блејзери со стил.
Сончевите денови ни се сè поблиску, а тоа значи повеќе дружење со пријателките и повеќе прилики да се истакнеме со нашата модна комбинација. Без сомнеж, парчето кое оваа сезона има почесно место е блејзерот, кој совршено ќе се вклопи во најголемиот дел од сезонските изгледи – без разлика дали станува збор за свечени или порелаксирани комбинации.
Како што добро знаете, блејзерот си заслужи место во листата на „must have“ пролетни парчиња облека, бидејќи е идеален за овие денови. Освен што обезбедува слој кој штити од можниот пад на температурите, тој ни обезбедува беспрекорен стил. Всушност, блејзерот има моќ да го надогради целокупниот изглед, дури и кога носиме нешто сосема опуштено. На крајот на денот, тој е задолжително парче во плакарот на најелегантните Французинки, што само по себе треба да ве убеди да го носите почесто, особено во овој период.
Без разлика дали сакате да го комбинирате со фармерки – што се покажа како врвна комбинација последниве години – или со елегантни панталони, фустан или сукња, блејзерот е дел од стајлингот кој ќе ви даде доза на самодоверба. Некои го нарекуваат „power dressing“, други „формален стајлинг“, но без разлика во која категорија го вметнувате, блејзерот е задолжителен елемент во вашата гардероба.
Во случај доколку веќе имате доволно блејзери во вашиот плакар, но често се двоумите дали да ги носите бидејќи не сте сигурни во крајниот изглед, ви издвојуваме 10 модни инсајдерки кои ќе ви покажат како да ги комбинирате оваа сезона – со стил и самодоверба.