Home Мода и убавина Носталгија по сончевите денови: Клаудија Шифер во колекција на Клоé што го слави летото

Носталгија по сончевите денови: Клаудија Шифер во колекција на Клоé што го слави летото

Под креативното водство на Шемен Камали, луксузната француска модна куќа Chloé повторно нè враќа во срцевината на најубавите летни моменти.

Новата капсул колекција „Chloé à la Plage“ е вистинска ода на слободата, едноставноста и природната убавина – токму таа безгрижна атмосфера што летото ја носи со себе. Ова е првата вистинска „high summer“ колекција под водство на Камали, инспирирана од филмската уметност на еден од најистакнатите француски режисери, Ерик Ромер, чии летни комедии како „Полин на плажа“ и „Летна приказна“ ги поставија темелите на естетиката што Колекцијата ја слави.

Во фокусот на кампањата, фотографирана од познатиот фотограф Дејвид Симс, е една од највлијателните жени во модната историја – Клаудија Шифер. Таа е совршена фигура за да ја отелотвори визијата на Камали за модерната, ведра и слободна жена – автентична, самосвестна и со внатрешна слобода која се чувствува во секој нејзин гест. Клаудија лежи на ретро кревет, со овошје во рака, облечена во маичка со карнери и шарено костимче за капење – сценографија и стил што ја истакнуваат нејзината природна елеганција и совршено се совпаѓаат со филозофијата на Chloé.

Колекцијата доминира со женствени, но прости парчиња изработени од природни материјали – лесни памучни фустани, блузи од проѕирни ткаенини со нежни тантелни детали. Комбинацијата на бохо шик естетика со современи resortwear трендови создава совршен летен изглед. Колекцијата е креирана така да ја нагласи сончевата светлина, свежината и чистата, ненаметлива сензуалност на летото. Од меките текстури до воздушните ткаенини што и дозволуваат на кожата да „дише“ – секое парче ја носи суштината на летната слобода и луксуз.

За Камали, летото не е само годишно време, туку и емоционална состојба – топлина, радост и спонтани мисли, споени со префинета, суптилно сензуална елеганција. Таа филозофија е совршено преточена во облеката што не е само моден израз, туку и животен стил – баланс на луксуз, удобност и леснотија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Правилен редослед на користење препарати за нега на кожа – утринска и вечерна рутина

Поради големиот број на препарати и разни совети кои ги читаме или слушаме насекаде, понек…