Home Актуелно Холандскиот амбасадор не подбра: „Каде се парите од нашите даночни обврзници кои ви ги дадовме?“

Холандскиот амбасадор не подбра: „Каде се парите од нашите даночни обврзници кои ви ги дадовме?“

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп, отворено и в лице ни ја кажа суровата вистина за нашата актуелна внатрешна политичка состојба.

Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција. Како што вели тој, пораката што се испраќа од тука е дека е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности. Коп додава дека сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ, но не и Македонија.

„Што правите вие освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство?! Зошто вие не ги завршивте потребните реформи пред петнаесет години како и другите земји? Слушам дека Европската унија е виновна и дека членството е заедничка одговорност, како и тоа дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нѐ оставате нас да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?!“, праша Коп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…