Home Актуелно Вчерашното невреме кое го зафати Скопје остави хаос зад себе (фотографии)

Вчерашното невреме кое го зафати Скопје остави хаос зад себе (фотографии)

Невремето кое вчера попладне го зафати Скопје остави зад себе паднати дрвја, бандери со струјни и телефонски кабли, поплавени улици, оштетени возила, како и откорнати покривни конструкции.

Дел од пријавите кои пристигнаа до Центарот за управување со кризи за паднати кровови и дрва се во населбите Лисиче и Маџари, а поплавените улици се во скопски Чаир. Штети имаше и во други скопски населби како Драчево.

Центарот за управување со кризи претодно информираше дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон државава и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…