Демократскиот претседателски кандидат јавно ја обвини ЦИА за убиствата на претседателот Џон Ф. Кенеди и неговиот брат Роберт Ф. Кенеди (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кандидатот за претседател на САД од Демократите, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, во интервју отворено ја обвини Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека стои зад убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди Помладиот во 1963 и веројатно е вмешана во убиството на американскиот државен обвинител и брат на ЏФК, Роберт Ф. Кенеди.

„Постојат докази дека ЦИА била вмешана во убиството“, изјави Кенеди додавајќи дека „во овој момент тоа е надвор од разумен сомнеж“.

„Доказите се огромни дека ЦИА била вмешана во убиството и прикривањето“, продолжи тој, нарекувајќи ги напорите оваа теорија да се дискредитира „шеесетгодишно прикривање“.

Кенеди ја цитираше книгата на Џејмс Даглас „ЏФК и она што не смее да се каже“ како најдобра компилација докази за оваа тема, иако десетици ако не и стотици текстови се напишани за атентатот и наводната улога на ЦИА.

Официјалното објаснување на американската влада, објавено како извештај на Вореновата комисија, вели дека ветеранот на американските маринци Ли Харви Освалд дејствувал сам во нападот на претседателот додека неговата поворка минувала низ Далас на 22 ноември 1963 година.

Освалд бил убиен пред да може да му се суди, а по апсењето успеал да им каже на новинарите дека е „жртвено јагне“. Наводниот осамен вооружен напаѓач го уби сопственикот на ноќен клуб Џек Руби (вистинско име Џејкоб Рубинштајн), додека Освалд го префрлале од полициската управа во Далас во окружниот затвор.

Кенеди додаде дека постојат „многу убедливи но посредни“ докази дека ЦИА е вмешана и во убиството на неговиот татко, државниот обвинител и претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди во 1968 година. Тој ја официјалната приказна за атентатот, кој наводно го извршил Палестинецот Сирхан Сирхан, како физички невозможна, тврдејќи дека Тејн Јуџин Цезар, чувар во хотелот кој истовремено бил вработен и во воената компанија Локид, всушност ги испукал куршумите кои го убиле Кенеди.

Четири години по убиство на ЏФК, речиси половина од американската јавност не верувала дека Освалд дејствувал сам. ЦИА била доволно загрижена поради овој факт, па во 1967 издала директива за тоа како да се дискредитираат таканаречените „теоретичари на заговор“ кои ги оспорувале заклучоците на Вореновата комисија. Модерната употреба на изразот „теоретичар на заговор“ како навредлив често се врзува за тој меморандум од 1967 година.