Home Вебкафе Што сè не ќе им текне!

Што сè не ќе им текне!

Фотографија од огромна риба со необично лице кое потсетува на горила, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Сликата со необичното суштество ја сподели Мајк Холстон и досега собра над 300.000 лајкови и околу 15.000 коментари.

„Ова е возрасен мажјак од алжирска риба-горила. Единките од овој вид обично растат меѓу 90 и 120 сантиметри, па ми се чини, овој јадеше мали китови во текот на зимата и ја достигна својата максимална големина. Овие алжирски риби-горили обично патуваат во јато, и тоа само во септември, кога (океанско-воздушната струја) Ел Нињо има најголема брзина“, посочи Холстон во објавата.

Сликата од „бизарното“ суштество загрижи, вознемири, заинтригира многумина. Но, брзо беше откриено дека се работи само за шега и фотомонтажа.

Американските интернет-страни за откривање факти потврдија дека фотографијата, како и приказната за оваа риба, се всушност лажни. Се работи за „Фотошоп“ спој од фока, риба и горила. Мајк и неговата страница имаат над шест милиони следачи, а тој обично споделува занимливости и факти за природата и животните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…