Home Актуелно Лавров Донбас го спореди со Косово

Лавров Донбас го спореди со Косово

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека „како што Приштина не може да тврди дека ги претставува интересите на Србите од Косово и Метохија, така ни Киев не го претставува Донбас“.

„Како што Приштина не може да тврди дека ги претставува интересите на косовските Срби, на кои Европската Унија им вети автономија – така Берлин и Париз му ветија посебен статус на Донбас“, кажа Лавров на седницата на Советот на безбедноста на Обединетите нации.

Тој кажа дека „на секој објективен набљудувач му е очигледно“ дека режимот на Киев на никој начин не може да се смета за претставник на жителите на териториите кои одбија да ја прифатат ситуацијата која настана во Украина по државниот удар во февруари 2014 година.

Додаде дека украинското прашање „не може да се гледа изолирано од геополитичкиот контекст“.

„Русија јасно ги објасни задачите кои ги остварува во рамки на специјалната воена операција: да ги елиминира заканите за нашата безбедност кои со години ги создава НАТО на нашите граници и да ги заштити луѓето на кои им се ускратени правата прокламирани со мултилатералните конвенции, да ги заштити од директните закани со истребување и протерување од териториите на кои со векови живееле нивните предци. Искрено кажавме за што и за кого се бориме“, порача Лавров.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…