Home Спорт „Се плашам од cмртта, но сум возбуден да дознаам што има на другата страна“ – почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали

„Се плашам од cмртта, но сум возбуден да дознаам што има на другата страна“ – почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали

Taжна вест ни пристигнува утрово од Италија, на 58-годишна возраст почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали.

Пред пет години Вијали дозна дека има рак на панкреасот и во првиот обид успеа да победи, меѓутоа болеста се врати и беше приморан да се повлече од репрезентацијата на Италија по ЕУРО 2020 каде што беше во улоган а помошник.

Вијали до последен момент се бореше, а неговата изјава кога му беше откриен ракот покажува за каков човек стануваше збор.

„Се плашам од cмртта, тоа е нормално. Не знам кога моето светло ќе се изгаси и не знам што има од другата страна на тунелот и сум возбуден да дознаам.

Ќе бев сигурно посреќен да не бев болен, но сега го прифаќам тоа како дел од животот и мора храбро да го живеам да научам нешто. Животот е 10% она што ни се случува, а 90% како ние реагираме на тоа“, зборуваше Вијали.

До повлекувањето беше помошник во италијанската репрезентација на Роберто Манчини на Европското првенство во 2020 година.

Вијали е легенда на италијанскиот фудбал и како фудбалер настапуваше за Сампдорија, Јувентус и Челзи. Во 1991 година со Сампдорија ја освои единствената титула во историјата на овој клуб.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…