Home Живот и здравје „Тивкиот убиец“ од кој многумина страдаат без да знаат за тоа

„Тивкиот убиец“ од кој многумина страдаат без да знаат за тоа

Доколку состојбата на поспаност и замор, без оглед колку сте спиеле ноќе, трае подолго време, лекарите советуваат да направите детални лекарски анализи, бидејќи причината за ваквата состојба може да биде сериозно заболување од кое страдаат сè поголем број лица, дури и помлади од 30 години.

Лекарите предупредуваат дека ваквата состојба може да биде знак за дијабетес тип 2, т.н. тивок убиец, кој настанува како резултат на скок на нивото на шеќер во крвта поради лошата работа на панкреасот. Имено, панкреасот не произведува доволно инсулин, неопходен за разградување на глукозата во крвта.

Уморот и поспаноста може да бидат симптоми и на хипогликемија, односно ниско ниво на шеќер во крвта.

Особено загрижува фактот што ова заболување, дијабетес тип 2, е сè почесто и кај лица помлади од 30 г., па неопходно е редовно да се контролира нивото на шеќер во крвта. Ова, според лекарите, мора да биде рутинска проверка за сите лица постари од 40 г.

Други симптоми кои предупредуваат на ова заболување:

-често мокрење, особено ноќе

-чувство на жед без разлика колку вода пиете

-губење на тежината без посебна причина

-чешање околу пенисот или вагината

-исеченици или рани кои тешко зараснуваат

-замаглен вид

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Најдобри народни лекови против пролетни алергии

Најдобрите домашни лекови за пролетни алергии Пролетта е прекрасно годишно време кое ни но…