Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Бадник во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, но во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за магливо време во повеќето котлини.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. Маврово 7, Охрид 8, Битола 6, Крива Паланка 10, Берово 11, Кавадарци 13, Дојран 16.

Утре и во недела ќе се задржи стабилно време, а по котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

В понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла, додека кон крајот на денот и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…