Home Шоубизнис Ибра на плажа во Мајами мами воздишки од понежниот пол

Ибра на плажа во Мајами мами воздишки од понежниот пол

41-годишниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално е на одмор во Мајами, а папараците го уловиле на плажа како гордо го покажува своето мускулесто тело.

Златан се шета покрај плажата како да знаеше дека го фотографираат и патем ги покажа своите интересни тетоважи, а освен што го покажа своето тело, се капеше во морето и остатокот од времето го помина на плажата во друштво на неговите синови и другите деца со кои играл фудбал.

Златан оваа сезона сè уште нема одиграно ниту еден натпревар за својот Милан, а причината е долгото опоравување по тешката операција на коленото. Но и понатаму сметаат на него во Милан и тој има договор со нив до крајот на јуни 2023 година.

Додека чека зелено светло за да се врати на теренот, Златан тренира, но и убаво се забавува и патува, па неодамна можеше да се забележи меѓу навивачите на Мундијалот. Редовно објавува слики на Инстаграм и ги информира обожавателите каде е и што прави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Семејството на Перез Хилтон со охрабрувачки вести, три месеци по самоповредувањето во пренос во живо

Семејството и тимот на Перез Хилтон споделија охрабрувачки новости за неговото закрепнувањ…