Home Актуелно Маск повеќе не е најбогат човек на светот според „Форбс“ – еве кој го симна од тронот

Маск повеќе не е најбогат човек на светот според „Форбс“ – еве кој го симна од тронот

Газдата на „Твитер“ и на компанијата „Тесла“, милијардерот Илон Маск, од денеска повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“.

Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили.

Првото место го зазеде Бернард Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Луј Витон“ и бројни компании чие богатство според „Форбс“ се проценува на 185,4 милијарди долари.

Маск, кој беше на првото место до септември 2021 година, има проценета нето вредност од 185,3 милијарди долари.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …