Home Вебкафе Запознајте го 8-милијардитиот жител на планетата Земја (снимка)

Запознајте го 8-милијардитиот жител на планетата Земја (снимка)

Денес, според проценките на Обединетите нации (ОН), светот ја достигна бројката од осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на овој статистички преломен момент и факт.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во „Д-р Хозе Фабела“ меморијалната болница во Тондо на 15 ноември, е избрана да биде осуммилијардитиот човек во светот.

„Штотуку бевме сведоци на осуммилијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, со нормално породување“, изјави д-р Ромео Битуин, главниот лекар на болницата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаете колку години ви краде екранот? Одговорот не е за луѓе со слабо срце!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ВИ „ЈАДЕ“ ЕКРАНОТ? НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ Замислете некој да …