Стигнува нов наследник на култниот „DeLorean“ од „Враќање во иднината“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До крајот на 2022 година на автомобилскиот пазар ќе биде преставен уште еден нов автомобил „DeLorean“ но сега од сосема друга компанија.

Пред неколку месеци беше претставен автомобилот Алфа 5 за кој неговите креатори тврдеа дека е духовен наследник на познатиот „DeLorean DMC-12“ од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, автомобилот кој се прослави во филмот „Враќање во иднината”.

Сепак, сега доаѓа најава за уште еден модел кој претендира да го наследи оригиналниот „DeLorean“. Овој пат станува збор за компанијата DNG Motors (DeLorean Next Generation Motors), основана од Кат ДеЛореан, ќерка на Џон Делореан, човекот одговорен за DMC-12.

Новиот автомобил, дизајниран според оригиналот, ја носи ознаката „Model – JZD“, во чест на Џон З. ДеЛореан , а компанијата тврди дека производството ќе започне во јануари 2023 година во американската престолнина на автомобили, Детроит. Градот каде што неговата кариера ја започна и Џон ДеЛореан.

Официјалната премиера на новиот модел ќе се случи „на крајот на годината“.

Деталите во моментов се под обвивка, но „DNG Motors“ вели дека нивниот тим вклучува „некои од најдобрите умови во автомобилската индустрија“, заедно со поединци од оригиналниот тим „кои беа вклучени во создавањето на првиот сега веќе легендарен автомобил „DeLorean“ од пред повеќе од 40 години“.