„Наследникот на Нурмагомедов“ е нов шампион во лесна категорија на УФЦ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ислам Махачев е новиот УФЦ шампион во лесна категорија, откако во втората рунда го принуди Чарлс Оливеира да се предаде.

Махачев, кој многумина го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, доминираше од почетокот на борбата. До победата дојде кога со десно кроше го собори бразилскиот шампион, а потоа го задави на подот.

За 31-годишниот борач од Дагестан ова е 23. победа во кариерата, а единствениот пораз го имаше пред седум години од Адријан Мартинс.

По ова Махачев ќе се бори со Александар Волкановски, борец кој има 25 победи во 26 борби и е шампион во перо категорија.