Home Вебкафе Се урна дел од гробиштата во Неапол – десетици ковчези висат во воздух

Се урна дел од гробиштата во Неапол – десетици ковчези висат во воздух

На неаполските гробишта Поџореале, дел од теренот повторно се урна, а десетици ковчези останаа да висат на карпите. На почетокот на годината се урна дел од гробиштата, но тогаш од спротивната страна. Целата област е оградена и отворена е нова истрага.

Делот од гробиштата кој се урна се наоѓа во близина на крематориумот, а отворени се десетина сандаци со видливи трупови, без никаква заштита.

Општина Неапол издаде наредба за затворање на гробиштата до дополнително известување. Во моментот на уривањето немало посетители, бидејќи се се случило откако гробиштата биле затворени.

Поџореале, најголемите гробишта во Неапол и едни од најголемите во Европа, се наоѓаат во населбите Секундиљано и Сан Карло ал Арена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…