Home Актуелно Сончева и топла среда

Сончева и топла среда

Времето во Македонија денеска, среда, 14. септември, ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје претежно сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…