Home Актуелно Градоначалникот на Арачиново претепан од жители на општината

Градоначалникот на Арачиново претепан од жители на општината

Група жители на Арачиново денеска го нападнале градоначалникот на оваа општина Ридван Ибраими. Нападот се случил поради наводно неисполнети ветувања и обврски.

Напаѓачите претпладнево го извршиле нападот во Арачиново. Нема информации за посериозни повреди на Ибраими.

Од МВР го потврдија настанот без повеќе детали:

На 13.09.2022 околу 10 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ибраими лани победи на локалните избори како кандидат на ДУИ откако ја порази претходната градоначалничка предложена од СДСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…