Home Актуелно Вучиќ ќе побара од Путин и Си Џипинг да го блокираат приемот на Косово во Обединетите нации

Вучиќ ќе побара од Путин и Си Џипинг да го блокираат приемот на Косово во Обединетите нации

Српскиот претседател Александар Вучиќ во српското собрание изјави дека ќе им испрати писма на претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг да стават вето на приемот на Косово во Обединетите нации, на барање на српската Народна партија.

Вучиќ за време на собраниската расправа кажа дека до сега „испратил 1.000 писма“ и дека ќе испрати уште едно.

Кажа и дека ќе испрати писмо и до лидерите на западните држави и наведе дека тоа ќе го направи од почит кон граѓаните кои гласале за Народната партија, а не кон нивните функционери.

„Добро е што ќе го испратите тоа писмо и тоа кажува дека тука можело и поинаку да се зборува, доколку вие тоа го сакате“, кажа пратеникот на Народна партија Мирослав Алексиќ.

Резолуција на Народната партија за Косово и Метохија не беше ставена на дневниот ред на специјалната седница на српската Скупштина за Косово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…