Home Актуелно Еве какво време ни носи првиот септемвриски ден

Еве какво време ни носи првиот септемвриски ден

Првиот септемвриски ден во Македонија времето прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 30 Целзиусови степени, Маврово 24, Охрид 27, Битола 29, Крива Паланка 27, Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 32.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 19 до 28 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…