Home Актуелно Рама повторно ги брецна европските лидери за односот кон Македонија: „Поздрав од Источна Македонија“ (снимка)

Рама повторно ги брецна европските лидери за односот кон Македонија: „Поздрав од Источна Македонија“ (снимка)

Албанскиот премиер Еди Рама со „поздрав од Источна Македонија“, им се обрати на европските лидери во Брисел, правејќи нова шега на сметка на Бугарија и саркастично критикувајќи го односот на ЕУ кон македонско-бугарскиот проблем.

На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

 

Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…