Виц: Кога таткото го видел свидетелството полно двојки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Малиот Перица се враќа дома од училиште на последниот училишен ден и вели:
– Тато, тато, погледни го свидетелството.
Таткото фрла поглед на оценките, сите двојки, а физичко тројка:
– Како не ти е срам бе мајмуне! Наместо да се криеш, ти доаѓаш весел дома, па уште и ми мафташ пред очите со двојките. Се срамам од тебе!
– Зошто да се срамиш од мене? Јас го најдов ова на таванот. Ова е старо свидетелство, кога ти си бил трето одделение.