Home Шоубизнис Село гори – баба се чешла: Украина се спрема за организирање на Евровизија – бараат безбедна локација

Село гори – баба се чешла: Украина се спрема за организирање на Евровизија – бараат безбедна локација

Украина ги започна подготовките за организирање на музичкиот настан Евросонг 2023 година, изјави Кирило Тимошенко.

„Украина веќе ги започнува подготовките за финалето на Евровизија 2023. Главното прашање за нас и за Европската радиодифузна унија е безбедноста. Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток за да се обезбеди соодветна логистика и најважно, безбедност“, објаснил Тимошенко на својот канал на Телеграм.

Тој изјави дека се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот, но тврди дека во моментов не може да открие за кои локации станува збор, пренесува руската агенција Тасс.

Потсетуваме, украинската група Калуш Оркестар победи на овогодинешната Евровизија, поради што според правилата на Евровизија, следниот натпревар треба да се одржи во Украина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…