Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Првиот јунски петок во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени. Маврово 25, Охрид 29, Битола 32, Крива Паланка и Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 35.

До недела ќе се задржи натпросечно топло време, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во сабота со можна појава на град. Од понеделник времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе биде во опаѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…