Првиот твит на Илон Маск откако го купи Твитер – еве што пиша


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МилијардеротИлон Маск пред три дена стана сопственик на социјалната платформа Твитер.

„Слободата на говорот е основата на функционалната демократија, а Твитер е дигитален центар каде се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, рече Маск во соопштението за печатот со кое го објави преземањето. Реакциите за преземањето на Твитер од Маск се бројни, а новиот сопственик на популарната социјална мрежа по преземањето продолжи како и досега – да објавува необични твитови.

„Биди моја љубов на дождот“, напишал тој на денот кога беше објавено преземањето.

Пред неколку часа тој објави дека Truth Social мрежата има повеќе преземања на продавницата на Apple отколку Twitter и TikTok.

Најбогатиот човек на светот го обожава Твитер, а неговиот профил е полн со необични објави. Илон Маск на Твитер го следат повеќе од 86 милиони луѓе, додека од нив тој следи само 114.

Списокот на луѓе кои го следат Илон Маск е доста разновиден. Маск редовно ги следи најавите на неговата популарна мајка Маја Маск и сестрата Тоска, а ги следи и Канје Вест, Џо Роган и Џек Дорси. Илон Маск ги следи и НАСА, Саут Парк и неколку научни профили. Има и официјални профили на неговите компании Tesla и SpaceX.

Маск ја следи и својата партнерка Грајмс, но и неговата поранешна сопруга Талула Рајли, со која се оженил двапати.

Секако, на листата се и официјалните профили на неговите омилени криптовалути.