Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба! ↓↓↓
Ливерпул со голема предност од првиот меч ќе патува на гостувањето кај Виљареал (2:0).
„Црвените“ ја оправдаа фаворитската улога и со два брзи гола во второто полувреме обезбедија предност пред реваншот.
После првото полувреме во кое мрежите мируваа, најпрво во 53-та минута Еступинан си постигна автогол, а две минути подоцна Мане зголеми на 2:0.
Ливерпул во текот на целиот меч беше подобар противник и можеше да постигне повеќе голови, па сега има голема предност пред реваншот.