Home Вебкафе Не дека не можеше да му ја даде чиста на Винисиус, ама реши да му ја даде на Родриго – „со магија“

Не дека не можеше да му ја даде чиста на Винисиус, ама реши да му ја даде на Родриго – „со магија“

Лука Модриќ не престанува да го воодушевува фудбалскиот свет, а неговиот последен потег кој предизвика огромни реакции во фудбалскиот свет е асистенцијата во Лигата на шампионите во победата против Челзи од 3:1.

Модриќ прими топка на левата страна на 30-тина метри од голот и тогаш со маестрална топка го пронајде Родриго на кого му остана полесниот дел од задачата.

Пасот на Модриќ е нешто за кое најмногу се зборува во претходните денови, а дел од јавноста забележа и дека Хрватот во таа ситуација имал многу пологично решение во кое Реал повторно можеби би влегол во добра прилика.

„Фудбалската генијалност некогаш се гледа во тоа што нема да направите. Модриќж можеше да едноставно да додаде до Винисиус кој беше слободен и имаше отворен простор. За тоа ќе беше потребно едноставно додавање за кое не е потребна некаква техника. Место такво „обично“ додавање Модриќ се реши да го бара Родриго со топка испратена со надворежниот дел од стапалото. На десет минути пред елиминација од ЛШ Модриќ место логика, избра магија…“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …