Home Актуелно Сопругата на бившиот украински пратеник Котвицки фатена на граница со 28 милиони долари и 1,3 милиони евра

Сопругата на бившиот украински пратеник Котвицки фатена на граница со 28 милиони долари и 1,3 милиони евра

Анастасија Котвицка, сопруга на бившиот украински пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби од Украина. Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс.

„Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку државната граница, на контролниот пункт Вилок во Унгарија. Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи“, се вели во соопштението на Интерфакс.

Согласно украинските закони за ова дело е предвидена казна е од три до шест години затвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…