Home Шоубизнис „Невозможна мисија 7“ уште немал премиера, а Том Круз почна со снимање на осмото продолжение од франшизата

„Невозможна мисија 7“ уште немал премиера, а Том Круз почна со снимање на осмото продолжение од франшизата

Славниот холивдски актер Том Круз пристигна во Јужна Африка за да го продолжни снимањето на „Невозможна мисија 8“.

Тој наводно добил критики од продукцијата дека за потребите за седмиот дел на филмот, кој се уште немал премиера, на самиот почеток потрошил повеќе од 290 милиони долари.

И додека премиерата е одложена за 2023 година Круз одлучил да го започне и снимањето на осмиот дел.

Серијата од американски акциони шпионски филмови првпат е покажана на големото платно во 1996 година со Круз во улогата на Итан Хант.

Шест филмови се веќе објавени, со заработка од 3,578 милијарди долари. Снимањата на претходните филмови се одвивале на дестинации како што се Париз, Лондон, Нов Зеланд, Норвешка и Обединети Арапски Емирати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …