Home Вебкафе Гратчето Алгар бара УНЕСКО да го стави нивниот уличен вечерен разговор на списокот на светско културно наследство

Гратчето Алгар бара УНЕСКО да го стави нивниот уличен вечерен разговор на списокот на светско културно наследство

Алгар, гратче со 1.400 жители лоцирано во јужна Шпанија, побара од УНЕСКО да го вклучи уличниот вечерен комшиски разговор на списокот на светско наследство, со што ќе го заштити вековното дружење на отворено.

Во Алгар, кој се наоѓа во внатрешноста на земјата и е оддалечен 60 километри од крајбрежниот град Кадиз, летата се екстремно жешки, па луѓето излегуваат само навечер кога жештините се намалуваат, јавуваат локалните медиуми.

Штом првиот самрак се наѕира над местото и доаѓа свеж воздух од околните планини, локалните жители почнуваат да носат столови и маси пред своите куќи, а групи од 10 до 15 луѓе се собираат на улиците за да разговараат, да играат карти или само да уживаат во амбиентот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…