Home Шоубизнис Кралски кечап „идеален за појадок или кој било друг дел од денот“

Кралски кечап „идеален за појадок или кој било друг дел од денот“

Британската кралица Елизабета II лансираше брендирани производи направени на нејзиниот имот во Норфолк.

Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот „People“.

„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на овој кечап.

Освен домати, овој кечап содржи и урми, сок од јаболко и разни зачини. Позната е и цената и очекувано е поскап од вообичаениот што може да се најдат во продавниците – шише од 300 милилитри чини девет долари.

Според „People“, кралицата е голем обожавател на хамбургери, а за тоа претходно зборуваше нејзиниот поранешен готвач Дарен МекГрејди. Тој вели дека таа јаде плескавици без пециво со вилушка и нож, а наместо кечап користела брусница.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Синот на Џулијан Мур, Калеб Фројндлих, се ожени со својата долгодишна девојка Кибрија Морган!

Џулијан Мур сподели големи вести за нејзиното семејство! Во понеделникот (12 октомври), 65…