Home Актуелно Магдалена Ризова Черних разречена од функцијата в.д. директор на Театар Комедија

Магдалена Ризова Черних разречена од функцијата в.д. директор на Театар Комедија

Министерката за култура Ирена Стефоска донесе решение за престанок на должноста на Магдалена Ризова Черних како вршител на дожлноста (в.д.) директор на Национална установа„ Театар Комедија“ поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со Закон.

-Имено, од страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа „Театар Комедија“ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа Театар Комедија – Скопје, согласно Меѓународната фраскатиева класификација, соопштија од министерството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…