Home Актуелно Сончева јануарска среда

Сончева јануарска среда

Денеска, среда, 5. јануари, времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 14, Битола 13, Крива Паланка 13, Берово 14. Кавадарци 12, Дојран 17.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…