Home Актуелно Министерот за внатрешни работи Спасовски си поднесе оставка од партиската функција во СДСМ

Министерот за внатрешни работи Спасовски си поднесе оставка од партиската функција во СДСМ

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утрово си поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. Оставката до партиските органи Спасовски ја поднесе писмено.

Тој беше реизбран за потпретседател на владејачката партија оваа година, а од 2013 до 2017 ја извршуваше функцијата Генерален секретар на СДСМ.

Со овој потег, се подгреваат коментарите дека Спасовски ќе си оди и од извршната власт зашто засега нема информација дали тој ќе биде дел и од реконструираниот владин кабинет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…