Home Актуелно Од експлозија на возило се запалија и изгореа бараките на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје

Од експлозија на возило се запалија и изгореа бараките на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје

Минатата ноќ, некаде околу 1.30 часот се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје. Пожарот настанал од паркирана кола, која експлодирала и оганот се проширил во бараките.

„За жал, пожарот се прошири низ сите бараки и сега тие се уништени. Чуварот интервенирал и повикал Пожарна, но оганот брзо се ширел. Во овие простории нема да може веќе да се работи. Се спремавме за снегот, а не изненади пожар“, изјавил за СДК Борис Настов, кој минатата недела беше назначен за в. д. директор на претпријатието.

Во моментов пожарот уште не е целосно изгаснат, на терен се возила на Пожарната бригада на Град Скопје, а просторот е затворен за пристап. Командантот на скопската Пожарна Владимир Симоновски вели дека по добиената пријава интервенирано е со шест возила, а во моментов на терен е едно возило.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…