Home Актуелно Бившата данска министерка која ја осудија на затворска казна експресно исфрлена од парламентот

Бившата данска министерка која ја осудија на затворска казна експресно исфрлена од парламентот

Бившата данска министерка за миграција Ингер Стојберг остана без пратенички мандат откако беше осудена на два месеци затвор поради незаконско разделување на парови баратели на азил.

Огромно мнозинство од данскиот парламент Фолкетинг гласаше за нејзино итно исклучување, оценувајќи дека казната строг затвор на која е осудена е некомпатибилна со нејзиниот пратенички мандат, што не е видено во данскиот парламент речиси триесет години.

Нејзината наредба за раздвојување на азилантските парови во случај девојката да е помлада од 18 години, без да се проучува секој случај посебно, беше прогласена за кршење на Европската повелба за човекови права.

Владата, на барање на министерката, во 2016 година разделила 23 парови без нивниот случај да биде проучен поединечно. Станува збор за парови во кои девојките биле малолетни, но разликата во годините меѓу нив била мала.

Стојберг верува дека добро постапила и дека нејзината политика била насочена кон борбата против принудните бракови.

„Ме казнуваат затоа што се обидував да ги заштитам девојките. Искрено, тука навистина е нешто погрешно“, напиша таа на социјалните мрежи. Таа, сепак, додаде дека ја почитува одлуката на судот и дека врти ново поглавје во својот живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…