Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, петок, 17. декември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 8 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 8, Битола 6, Крива Паланка и Берово 3, Каваради 8 и Дојран 12 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од – 4 во Маврово до 7 степени во Дојран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…